Мекдоналдс ќе плати 27 милиони долари поради небезбедност и смрт на 2 тинејџери


Најголемиот синџир за брза храна „Мекдоналд“ треба да плати отштета од 27 милиони долари по обвинение за недоволна безбедност во еден од објектите, кое придонело за смртта на двајца млади во февруари 2012 година, објави Блумберг.

slike-zanimljivosti-6-mekdonalds_logo_651565471Судот во Тексас ја донел одлуката  откако утврдил дека  поради непреземање на мерки за безбедност на компанијата 18-годишно момче било претепано до смрт во ресторанот додека поради несоодветна реакција  19-годишна девојка која настрадала во сообраќајка навреме не била донесена во болница.

Нивните семејства тврдат дека компанијата не ги презела потребните мерки за безбедност, особено откако истиот објект е постојано сцена на масовни тепачки, регистрирани од полицијата. Судот одреди обештетување од вкупно 27 милиони долари.

Од Мек Доналдс“ најавија дека ќе поднесат жалба.

„Ние ја почитуваме одлуката на судот, но не се согласуваме со него“, вели во соопштението портпаролот Тери Хики.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1