Мексиканските власти заплениле над 371 килограм кокаин, кој преку американската граница бил транспортиран во камион со ознака од државен Институт за социјално осигурување.
Мексиканските војници, кои го проверувале камионот, ја пронашле дрогата во мобилен медицински скенер.
Упасени се три лица, кои тврдат дека се вработени во Институтот.
Но, институтот негираше дека кој било од вработените, или кое било нивно возило се поврзани со случајот.