Меланија Трамп им се закани на Словенците: Не го користeте моето име или ќе ве тужам


Идната прва дама на САД Меланија Трамп им порача на жителите на нејзината родна Севница да престанат да го злоупотребуваат нејзиното име за да заработат.

Порталот „Политико“ пишува дека жителите на Севница ќе мора да се откажат од новооткриениот начин на полесна заработувачка на името на првата дама на САД, бидејќи Меланија Трамп, родена Кнавс, ангажирала адвокатска канцеларија која жителите на нејзиното родно место треба да ги предупреди дека нејзиното име и лице не можат да ги користат во комерцијални цели, ако за тоа немаат нејзина дозвола.melanija-tuzba

Откако Трамп победи на претседателските избори во САД, Словенците името на Меланија почнаа да го лепат на сè и сешто – од колачи до мед.

Така, на пример, во нејзината родна Севница на туристите и на странските новинари им се нуди медот „Од домашната бавча на Меланија“.

Меѓутоа, адвокатскиот тим на фирмата „Пирц Мусар енд партнерс“ упатил предупредување во коешто на жителите на Севница им порачува дека станува збор за кршење на словенечниот закон за авторски права и дека не смеат да го користат лицето на Меланија за плакати и разни производи.

– Ова е недолична финансиска експлоатација и кршење на авторските права – рекла Наташа Пирц Мусар, директорка на адвокатската канцеларија за „Политико“.

Директорката Пирц Мусар објаснува дека најпрво ја предупредиле јавноста и дека сега се очекува да се прекине со таквата пракса.

Бруно Видмар, сопственик на пицеријата „Рондо“ во Севница, не се грижи поради правните закани на адвокатската канцелари. Од изборот на Трамп за претседател, тврди тој, прометот му пораснал 20 отсто, најпрво поради новиот десерт, кој го нарекол по името на Меланија. Станува збор за мус од маскарпоне сирење и јагоди.

– Први тоа го смисливме, многу новинари дојдоа во ресторанот за да го пробааат десертот, а по објавата на Фејсбук и Твитер, стана вистинска зараза – раскажал Видмар. И тој, како што вели, консултирал со адвокатот кој му рекол дека нема причина за загриженост, сè додека не го користи нејзиното лице.

Нуша Видмар, пак, продава торта „Меланија“, која содржи бела чоколада со ореви и злато што се јаде.

– Ја гледавме и сакавме да направиме нешто убаво како неа – рекла Нуша, со објаснување дека единствена желба им е на првата дама да ѝ искажат почит, и дека не станува збор за обид за привлекување на луѓето и за лесна заработувачка. Доколку, навела Нуша, Меланија смета дека тортата наречена по нејзиното име е навреда, веднаш ќе ја остранат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1