Мелем за душа – Златна Буба Мара смеење до солзи (Видео)


Под мотото “Мелем за душа“ синоќа беа доделени “Македонските оскари“, но наместо помпезност и лажни солзи како во Холивуд, на сцената, поточно улицата во Универзалната сала, имаше шега на сечија сметка, искреност и вредно заслужени награди.

kocevЗа животно дело бубамарата одлета во рацете кралицата на македонската народна песна, Виолета Томовска, додека на човекот со кого пораснаа многу генерации, Владимир Ангеловски – Дади, постхумно му беше доделена наградата за животно дело. Во областа на хуманоста, наградата му припадна на Киро Урдин.

Чудесната земја и Владо Јовановски ја однесоа наградата за најдобар ТВ-проект, еден од првите презентери на МРТ, Благоја Крстевски доби награда за развој на телевизиската сцена, а му беше доделена од еден од многуте негови ученици, Александар Деловски.
Можеби не добија оскари, но златните бубамари се доказ дека македонската публика ги цени и сака, а оваа година најмногу ја сакаше претствата “Генетика на кучињата“. За најдобра актерка во 2012 е прогласена младата и шарматна Нина Деан, додека докажниот Драган Спасов-Дац доби за најдобар актер, кој скромно, наградата си ја посвети на себе, вели , мислел дека ја заслужил.
Суперхикс ја добија осмата по ред бубамара, овај пат за најдобар концерт, додека раперите Скипи и Тaјзи се откритието на 2012. За најдобар македонски бенд бубамара доби Пеперминт, кои на сцената го исполнија својот хит, “Ама ако“.
g_bubamaglavnaМинатата година две компании работеа за доброто на граѓаните, “Тинекс“ и “Алкалоид“, а поради долгодогишната успешна работа добија награди за општествена одговорност.
“Зевзекманија“ ја доби наградата хумористична емисија на 16-тата по ред “Златна бубарама на популарноста“.
Бидејќи имаме ендемски таксист, ендемска пансионерка, ендемски келнер, логично е да имаме и хумористична серија од ендемски вид, а кој ако не, легендарните, К-15. А вчеравечер, Сашко Коцев ни презентираше нов ендемски вид, политичар, кој се одзива на овци и пари, а главна карактеристика му е неразвиениот ’рбет.
За моќниот глас,  Калиопи заслужено си ја однесе наградата за пејачка годината, а потоа, запеа од срце.
 За создавање на трајни музички вредности, златната бубамара ја доби Тончи Хуљиќ. Неговиот албум “Хашиш“ ја однесе наградата за најдобар албум на Балканот.
Упорни, вредни, талентирани, Металург, ја доби наградата за спортски тим на годината, а насмеано рекоа, ние веќе пет години победуваме, редно беше.
Извор – Нет Прес
Видео – Нет Прес /Република

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1