Мемоарите на Јованка Броз ќе ја стресат светската јавност


Јованка Броз пишувала мемоари кои наскоро ќе бидат објавени и ќе ја „стресат“ светската јавност. За српски Вечерње новости, блискиот пријател на Јованка, Милан Сарач потврдил дека таа пишувала мемоари од средината на 70-те кои подоцна ги дополнувала.

josip-broz-tito-jovanka-imovina-ostavinska-rasprava-imovina-sfrj-1365665155-44916Тој раскажувал како многу често знаел да ја најде доцна навечер како пишува на стара машина за куцање, а подоцна таа лично му признала дека речиси секоја вечер пишувала до рано наутро. Нејзините записи уште одамна биле ставени на сигурно место, односно кај некој близок пријател на Јованка.

Во нејзините мемоари се наоѓаат факти кои ќе ја стресат светската јавност, тврди нејзиниот пријател.

Во мемоарите биле наведени 5 факти кои до сега не биле познати:
1.Зошто бил тргнат Александар Ранковиќ;
2.Каде се останките од Дража Михајловиќ;
3.Кој за кого работел во времето на окупацијата;
4.Пикантерии за политичките противници од нејзино време;
5.И уште една многу пикантна информација која не била неведена.

zivot-jovanke-broz-od-idile-potpune-izoliranosti-slika-1237277

Овие записи наводно ги барале и тајните српски служби, но и други странски разузнавачи. Јованка во нив пишувала и за други светски државници, меѓу кои се и Кенеди, либискиот диктатор Гадафи кој многу го почитувала и кој и понудил помош кога имала финансиски проблеми. Шарац рекол и дека Јованка му раскажала како вистинската Југославија ја формирале масоните и дека кралот Александар не се сложувал со тоа.

Не знам кој е нејзиниот пријател но сигурно знам дека ракописот не е во Србија. По него трагаат тајните служби на Србија но и други разузнавачки служби кои се засегнати од она што е напишано во него. Се претпоставува дека Јованка има информации за многу заткулисни пресметки, вели Сарач за Новости.

Vila-Bor-Dedinje-Jovanka-Broz1

Јованка беше сведок на домашните и светските политички процеси кои тогаш се случуваа. Еден добар дел од овие процеси е се уште актуелен, без разлика колку ни се чини дека поминало многу време од тогаш.

Под закана со смрт за неа и нејзините роднини на Јованка и беше забрането да пишува додека таа беше во изолација. Сепак, пред крајот на својот живот таа се одлучи да напише што знае, вели за српски Новости нејзиниот пријател Милан Сарач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1