Менаџерите во Швајцарија куртулија: Нема да има намалување и ограничување на платите!


Мнозинството Швајцарци на денешниот референдум се изјаснија против предлогот за ограничување на платите на менаџерите

Граѓаните на Швајцарија денеска се изјаснуваа за тоа износот на директорските плати да се ограничат најмногу на 12 плати од минималната плата во компанијата во која работат.
svajcarija referendum3
Според првите резултати, 65 отсто од граѓаните не го поддржале предлогот.
Во кантоните Цирих, Женева и Во, против ограничувањето на платите гласале 66,51 отсто, односно 61 отсто од вкупниот број на граѓани.

Иницијативата „1:12 – За правични плати“ потекна од Младите социјалисти, подмладок на швајцарската Социјалистичка партија.

Доколку бил прифатен предлогот тоа ќе требаше да се изгласа и од парламентот а највисоката менаџерска плата би изнесувала  576.000 швајцарски франци  (467.000 евра).

Тоа би значело драстично намалување на платите, затоа што просечната плата на менаџерите во 2012 година изнесувала 6,7 милиони швајцарски франци (околу пет милиони евра).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1