Претседателот на Демократската партија на Албанците(ДПА) Мендух Тачи поднесе оставка на функцијата.
„Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА ќе продолжи да управува управениот совет до вонредниот конгрес, а датумот на неговото одржување дополнително ќе биде објавен. Координатор на сите активности ќе биде Азем Садику, додека јас останувам посветен на партијата“, се вели во неговата изјава што ја објави на неговиот фејсбук профил.