Морбидна смрт на ѕвездата од реалното шоу – љубоморниот љубовник со чекан ја убил и ја закопал во својата градина!


Телото на Лиса Мари Нигл, ѕвездата од реалното шоу “Bridalplasty” пронајдено е во плиток гроб во дворот на нејзиниот љубовник Џеки Џером Роџерс кој е уапсен под сомнение за брутално убиство на несреќната Лиса.lisa-mari-nigl-620x350

Исчезнувањето на Лиса Мари Нигл во понеделникот го пријавил нејзиниот сопруг Дерек Хариман, а полицијата на врз основа на снимки од уличните камери утврдила дека таа ноќ Лиса го напуштила клубот во кој славела роденден на нејзина другарка, и дека заминала со автомобилот на Роџерс.

Нејзиниот љубовник е уапсен следниот ден, а телото на несреќната жена е пронајдено закопано во неговата градина.

Според првичните информации, Роџерс во наплив на љубомора поради тоа што Лиса му рекла дека сака да се разделат ја удрил со чекан во глава и ја убил.

Лиса Мари Нигл и Џеки Џером Роџерс неколку часа пред да ја убиеlisa-marie-naegle-2-670x1005

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1