Менувајте лозинка на Фејс – загрозенa безбедноста на милиони Фејсбук профили


По нападот на Adobe, хакерите добија пристап до голем број кориснички имиња и лозинки (дури 2,9 милиони корисници) со чија помош би можеле да пристапат и до многу кориснички профили на социјалната мрежа на Фејсбук.

Доколку сте ја користеле истата лозинка за Фејс и Адобе вашиот прифил е загрозен и следниот пат кога ќе се логирате на фејс ќе добиете вакво предупредување.

fejs notifikacija

“Digital Trends” пишува како големиот број корисници на Фејсбук користат исти податоци за Adobe и Фејсбук, а најголемата социјална мрежа на светот своите корисници се обидува да ги заштити предупредувајќи ги да ги променат своите лозинки на оваа социјална мрежа после големиот хакерски напад.

Од оваа социјална мрежа ги проверуваат базите на податоци и се обидуваат да дознаат дали хакерите имаат пристап до сите податоци со кои би можеле да пристапат до корисничките профили.

Фејсбук не објави податок за тоа колкав број на корисници е загрозен, но некои експерти тврдат дека би можело да се работи за околу 150 милиони кориснички профили.

Златко Дукоски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1