Жена клинички мртва 3 месеци родила здраво бебе


Универзитетската болница во Дебрецен (Унгарија) денеска соопшти дека е родено здраво бебе откако лекарите клинички мртвата мајка три месеци вештачки ја одржувале во живот.

bebе555Мајката доживеала мозочен удар во 15-та недела од бременоста. Бебето е родено предвреме со помош на царски рез во 27-та недела, здраво и тешко 1,4 кг. – пренесе Асошиетед прес.

“Детето е здраво и нормално се развива”, соопшти Универзитетската болница од Дебрецен во источна Унгарија, без да каже детали за полот и точниот датум на раѓањето, освен дека сето ова се случило летово.

Некои од органите на мајката – срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот беа донирани во корист на четири примачи два дена по породувањето, изјави во средата Универзитетската болница во Дебрецен .

Роднините на бебето не сакаа да бидат наведени во јавноста, а според унгарскиот закон идентитетот на донаторите и примачите на органите е заштитен.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1