Меркел: ЕУ може да ги укине санциите против Русија


Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата на врвот на Европската унија истакна дека ако биде запазена територијана целина на Украина, ЕУ може да ги укине санкциите против Русија.

angela-merkel

 

Според неа, санкциите биле воведени како одговор на акциите на Русија и може да бидат укинати ако причината за воведувањето биде отстранета.

– ЕУ се подготвени да размислат за соработка со Евроазискиот економски сојуз ако бидат исполнети договорите од Минск за стабилизирање на ситуацијата во Украина, дополни Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на прес конференција во Брисел дека има намера воследните денови да ги продолжи преговорите за прекин на конфликтот во Источна Украина со колегите Владимир Путин и со Петро Порошенко.

Оланд изјави дека досега нема напредок за да биде извршено доставување на носачите на хеликоптери Мистрал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1