Меркел – личност на годината според Тајмс


Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за личност на годината од влијателниот британски дневен весник Тајмс, пренесува ТАСС.

Британскиот весник ја истакнува улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија.grcka-nemacka-angela-merkel-ep-evropsko-prventvo-cetvrtfinale-1340150970-176414

– Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот, пишува весникот.

Според Тајмс, Меркел се покажала како незаменлив посредник меѓу Истокот и Западот во изминатата година, кога односите меѓу двете страни беа затегнати до крајни граници за време на најопасната геополитичка криза од времето на Студената војна.

Ангела Меркел на 22 ноември 2005 година стана најмладиот канцелар на Германија и прва жена на оваа функција. Меркел ужива висок рејтинг, а Германците го сакаат нејзиниот мирен стил на управување и способноста да постигне компромис со политичките противници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1