Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер. Овие раговори на Меркел со Заев и со Ципрас, доаѓаат два дена пред сребата на Димитров и Коѕијас со Нимиц, и два дена откако Грција го одби начелно договореното решение Република Илинденска Македонија.
Нема детали од разговорите, но тие секако се во рамки на заилениот меѓународен ангажман на високи европски и американски дипломати, кои периодот се во интензивна коминикација меѓу Скопје и Атина.
Оваа дипломатска офанзива имала за цел да ги врати на маса сите прашања кои иницираа приближување на ставовите, пред средбата на Нимиц со Димитров и Коѕијас со надеж, како што велат да биде зачуван остварениот капитал од досегашните разговори, во насока на јакнење на довербата во процесот.
За интензитетот на процесот и големите очекувања од средбата во Њујорк в четврток и петок, говори и последниот фејсбук коментар на шефот на македонската дипломатија, кој побара мудрост и нерви пред средбата со Никос Коѕијас во Њујорк.
Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви, напиша Димитров на својот Фејсбук профил пред полетувањето за САД.
Македонската влада очекува дека средбите в четврток и петок ќе бидат уште една можност за предлог пакетот Република Илинденска Македонија, кој грчката страна веќе го одби.
Од друга страна, пак Коѕијас, кој од вчера е во САД има други надежи од средбата со Нимиц. Смета дека најдобар пат до решение на спорот е прифаќање на еден од предлозите на медијаторот Метју Нимиц, но не и предлогот Република Македонја (Скопје), кој за грчката страна е неприфатлив.
По средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон, Коѕијас го повторил ставот дека името Република Илинденска Македонија е неприфатливо за Грција.
– Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози, (Република Македонија (Скопје) н.з.) и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име, рече Коѕијас.
Шефот на грчката дипломатија вели дека прашањето со името не било тема на која разговарал со американскиот државен секретар Помпео, но за ова зборувал со помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел.
Вчера и премиерот Заев повторно ја повика Грција да размисли уште еднаш за предлог пакетот Република Илинденска Македонија.