Меркел – Заев: Скопје го испорача очекуваното, Берлин ќе даде зелено светло за преговори во септември


По средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев останува отворена можноста одлука за почеток на преговори со Северна Македонија да се донесе уште летово или, сепак, наесен, што е пореална опција.

Меркел му рекла на Заев дека С. Македонија испорачала и дека таа е многу позитивна за досието на земјава. Канцеларката најавила дека Бундестагот најдоцна во септември би одобрил почеток на преговори со С. Македонија

Од македонска страна било речено дека земјава во Германија и Меркел има голем поддржувач и стратешки партнер и дека останува увереноста за почнување на преговорите до крајот на годинава.

Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија во септември, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата. Ова му го пренела германската канцеларка Ангела Меркел на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин. Меркел, како што соопшти владината прес-служба, потенцирала дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Премиерот Заев на средбата посочи дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1