„Мерцедесот“ се продава оти е симбол на нерационално трошење пари на граѓаните


Блиндираниот „мерцедес“ е симбол на нерационално трошење на парите на граѓани од едно време што сакаме да го оставиме зад нас, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа, зошто Владата решила да го продава ова возило.

На прашањето како сега ќе се обезбедуваат високи фукнционери и странски гости, Бошњаковски рече дека делегации и високите гости ќе бидат обезбедувани на највисоко ниво, како и досега, но како што рече, за вакви прашања не може да се разговара на прес- коференции.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да го продаде мерцедесот за чија набавка се водат судски процеси во кои се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1