Британскиот музичар Дејвид Боуви почина на 10 јануари по 18-месечната борба со ракот. Неговото тело беше кремирано без присуство на пријателите и семејството, а неговите најблиски ќе одлучат каде ќе го закопаат.
Дејвид Боуви беше кремиран минатата недела, а пријател на неговото семејство за „Сандеј мирор“ изјавил дека музичарот ќе биде закопан на место кое било многу посебно за него.
Пријателот на семејството Боуви открил дека музичарот се угледал на покојниот фронтмен на групата „Квин“, Фреди Меркјури, чиј гроб се уште не е пронајден.
– Тој и Фреди беа блиски. И сакаше да биде запаметен како него, да го пмаетат по неговиот живот, а не по статуата и неговото гробно место – изјавил пријателот.