Голем скандал – елитни тенисери местеле натпревари – Му нуделе и на Ѓоковиќ


Британскиот сервис Би-Би-Си тврди дека поседува тајни документи кои докажуваат наместени натпревари во елитното тениско светско натпреварување вклучувајќи и корупција на најпознатиот светски турнир Вимблдон.novak-dokovic-prosidba-1345907964-201656

Документот кој го поседува Би-Би-Си вклучува и наоди од истраги спроведени од 2007 година до сега од страна на Тенис Интегрити Јунит. Во нив стои дека во минатото десетлетие за местење натпревари се осомничени дури 16 тенисери од Топ 50 вклучувајќи и освојувачи на Гренд Слем наслови.

Би-Би-Си одлучи да не објави конкретни имиња на тенисери затоа што без пристап до нивните банкарски сметки и компјутери не е можно конкретно да се утврди дали тенисерите лично учествувале во местењето натпревари.

– Постои јадро од околу 10 играчи за кои веруваме деак биле најчесто потчинети на прекршоци и кои биле основата на проблемот, објаснува за Би-Би-Си Марк Филипс, еден од истражителите на скандалите со обложување од 2007 година.

За скандалот беше прашан и српскиот тенисерски АС Новак Ѓоковиќ кој изјавил дека пред неколку години некој му понудил 200 000 евра да изгуби. Незнае ниту од кого ја добил оваа непристојна понуда бидејќи откако експресно и категорично ја одбил лицето само исчезнало.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1