Скијање на Водно – ЕЛЕМ не се откажува од идејата


И покрај тоа што имаше серија од неуспешни обиди, Електрани на Македонија повторно распишаа повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на скијачки центар на Водно. Врз основа на ревидираната проектна документација од „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“, зимско – рекреативниот центар на ќе се состои од четири скијачки патеки во должина од 3,5 километри, кои од планинскиот врв ќе се спуштаат во правец на селото Нерези.vodno_zicara

Ски – центарот треба да има три скијачки лифтови, ресторан и административна зграда со ски – школа и оддел за изнајмување на скии. Официјално, од ЕЛЕМ не излегуваат со информација до јавноста што е тоа што во третиот обид ќе ги натера инвеститорите да ги вложат своите средства во овој зимско – рекреативен центар.

Само за изработка на проектно – техничка документација во изминативе две години, од ЕЛЕМ потрошија над 265.000 евра. Приватниот концесионер на идниот скијачки центар ќе треба самиот да инвестира во зимскиот комплекс, а во замена истиот ќе го добие на управување. Според изгласаните измени и дополнувања на ДУП-от за ски – центарот на Водно донесени лани од Општина Карпош, во урбанизација на овој дел од планината Водно е предвидено да се вклучат околу 45.000 метри квадратни, вклучувајќи го и Милениумскиот крст и останатите постоечки објекти на врвот на Водно.

За сметка на зеленилото на парк – шумата Водно, за комуналната инфраструктура се предвидени 13.000 метри квадратни, уште осум парцели се предвидени за хотелски комплекс во подножјето кај селото Нерези, голем угостителски објект до Милениумскиот крст на Водно, пречистителна станица за фекална канализација, резервоар за вода, трафостаница, патишта и останата инфраструктура што ќе ја олесни работата на постоечките и на новопланираните објекти на Водно.

Build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1