Метадон вреден 1,6 милиони евра украден од психијатриска клиника во Нови Сад


Непознати лица украле од психијатриска клиника во Нови Сад метадон во вредност од над 200 милиони динари (1,6 милиони евра), јави денеска српската националната телевизија РТС, посочувајќи дека податоците не се официјални.droga-630x472

Полицијата потврди дека имало кражба, но одби да соопшти детали за инцидентот пред завршувањето на истрагата.

Метадонот е синтетички медикамент од групата опијати, кој се употребува во лекување на зависност од хероин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1