Металург е нов ракометен шампион на Македонија. Избраниците на Лино Червар во вториот клучен меч го прегазија Вардар во Автокоманда со убедливи 30:21.
Иако сите очекуваа неизвесен меч и тесен резултат, Металург многу лесно го победи денеска катастрофалниот Вардар и ја врати титулата во Автокоманда.
„Металурзите“ во текот на целиот меч беа подобар противник од Вардар, го имаa водството од самиот почеток и истото постепено го зголемуваа се до крајот на мечот.
Kurir