Метеоролозите најавија обилни врнежи: Еве каде беше најкритично синоќа


Во Гевгелија и Крушево во текот на изминатите 24 часа паднало најмногу дожд. УХМР измери воден талог во овие две места 30 литри на метар квадратен. Во Битола се измерени 21, Маврово 20, Ѓуриште 19, Демир Капија 16, Пожаране 15, Пожар, Лазарополе и Тополчани 11, Струмица 10, Тетово 9, Скопје, Виница и Берово 8, Штип, Прилеп и Крива Паланка 6, Претор 5 и во Охрид 2 литри.dozd

Во Маврово и Лазарополе има снежна покривка од 3, односно 4 сантиметри.

Времето во текот на денот ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на планините од снег. Поинтензивни врнежите ќе бидат во јужните и источните подрачја над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени.

Утре времето ќе биде облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Снежната граница ќе се спушти до висина и под 1000 метри. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во вторник попладне и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Во четврток и петок се очекува стабилизирање на времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1