Метеорот во Русија – најсилен во последните 100 години – штетите огромни (Видео)


still-youtube-potapow-322

Материјалната штета предизвикана од метеорот во руската Чељабинска Област надминува над една милијарда рубљи (една милијарда рубљи = 24.850.000 евра), изјави гувернерот на регионот Михаил Јуревич.

околу 3.000 згради се оштетени од кои 34 здравствени установи, 11 институции за социјална заштита, 361 училишта и предучилишни установи.

Најтешко оштетен е спортскиот зимски дворец, каде штетите се проценуваат на 200 милиони рубљи.

16408_10151420245979411_1590833326_n

Од парчињата метеор оштетени се 93 болници и поликлиники, како и 21 социјални институции, меѓу кои старски и детски домови. Прозорците на десетици згради се искршени.

Локалните власти соопштија и дека бројот на повредени од метеорскиот дожд се искачи на 1200 лица, од кои над 204 се деца.

Ударот од метеорот е најсилниот во последните 100 години

photo-682Метеорот кој утринава експлодираше над Русија е најголемиот забележан објект што удрил во Земјата во последните 100 години, велат научниците, додека инфразвучните анализи покажуваат дека денешниот удар бил помоќен и од нуклеарното оружје што деновие го тестираше Северна Кореја.

Моќноста на експлозијата при навлегувањето на метеорот во атмосферата над руската Чељабинската Област, според проценките на НАСА бил од 300 до 500 килотони, што е околу 20 пати повеќе од моќноста на атомската бомба фрлена над Хирошима.

Метеорот со дијаметар од 15 метри и маса од околу 7.000 тони навлегол во атмосферата на Земјата со брзина од 64 илјади километри на час, а експлодирал на височина од 19 до 24 километри.

„Тоа значи дека бил најголемиот забележан објект што удрил во Земјата, уште од ударот во Тунгуск“, велат научниците.

Самиот метеор најверојатно е карпа, но возможно е во неговиот состав да има железо и никел и да потекнува од појасот астероиди, област во вселената што содржи стотина илјади камени небесни тела меѓу Марс и Јупитер.

На првото видео местото каде паднал метеорот – во езеро во кое направил крaтер. Второто видео е компилација од највпечатливите снимки од падот на метеорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1