Се докажа – Млекото на Дукат и Виндија во Хрватска е канцерогено


Млекото во Хрватска на “Дукат“ и “Виндија“ е канцерогено. Од Хрватскиот ветеринарен институт потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1.

mlijekovindijadukatpovlacenjeКако што јави Канал 5, во дури 70 % од земените примероци за анализа е утврдено недозволиво присуство на оваа материја, а заради дополнителни потврди се чекаат наодите од Виена. Примероците од сточна храна и млеко биле земени од неколку фарми на Виндија и Дукат.

Спорното контаминирано млеко е повлечено во целост и не се наоѓа на полиците во маркетите, па затоа од хрватското министерство за земјоделство апелираа потрошувачите нормално да купуваат млеко.

По информациите за присуство на канцерогена материја, млекото на Дукат и Виндија е повлечено од продажба во Србија и Босна.

Од спорните количества во Македонија се увезени само 360 литри од трајното млеко “Лагано јутро“, објави Канал 5.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1