Една 19-годишна тинејџерка отишла во Дубаи со намера да работи како проститутка. Единствената причина поради која се одлучила за ваква работа била таа што нејзината мајка останала повредена во тешка сообраќајна несреќа, а никој не можел да ги покрие медицинските трошоци.
На младата девојка од Узбекистан, една проститутка ѝ раскажала приказна за заработувачката на оваа светски популарна дестинација, а ја проценила нејзината дневна заработувачка на 500 американски долари. Само што постои услов. За да влезе во приказната, мора да плати 10.000 американски долари за виза и авионска карта.
Таа го сторила тоа и пристигнала во Дубаи во април минатата година. Откако почнала да работи во Дубаи, ѝ се јавила на нејзината другарка која била во Узбекистан и ѝ рекла дека оваа работа е профитабилна, а нејзe исто така ѝ биле потребни пари, затоа што нејзината мајка чекала на операција на срцето. 23-годишната девојка пристигнала во Дубаи во наредниот месец, пишува „The National“.
Неколку месеци подоцна, тинејџерката сакала да прослави бидејќи успеала да го исплати својот долг од 10.000 американски долари кои ги зела за доаѓањето, но потоа сепак се предомислила и побегнала да живее со еден од своите муштерии. Еден месец подоцна, таа била киднапирана и одведена во пустина, каде што ја тепале и ѝ гаселе цигари од телото, а потоа ја вратиле во борделот.
Нејзиното уништено тело ѝ го покажале на нејзината пријателка, како предупредување за тоа што ќе ѝ се случи ако се обиде да побегне. За среќа, првата девојка му раскажала што се случило и како ги уценуваат на еден од нејзините клиенти, а тој ја известил полицијата и на тој начин успеал да ги ослободи девојките. Судењето и понатаму е во тек, а девојките се вратиле дома со пари.