Во Италија уапсен Албанец со кокаин, 200.000 евра и пиштоли


Во полициска ација во близина на италијанскиот град Бреша уапсен е албанскиот нарко бос, Индрит Таипи, при што му се одземени 200.000 евра, 20 килограми кокаин и три пиштоли.

it

Албанските медиуми пренесуваат дека акцијата почнала во Лечо, продолжила во Бранза и Милано, и била завршена во близина на Бреша.. Во автомобилот на Таипи биле пронајдени 200 илјади евра, скриени во седиште, кои ги стекнал со продажба на кокаин, додека 20-те килограми кокаин и трите пиштоли биле пронајдени во неговиот дом во Бреша. Полицијата располага со цврсти докази дека оружјето било користено, а едното,полуавтоматски пиштол, бил украден во Ломбардиа.

Кокаинот бил спакуван, а на логото стоел жиг „Јужна Америка“, од каде се верува дека дрогата пристигнала. На црниот пазар дрогата достигнува вредност од два милиона евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1