Началникот на општината, Един Смајиќ изјавил дека лизгањето на земјиштето уништило најмалку осум семејни куќи. Од сараевскиот клинички центар потврдиле дека медицинска помош побарале две лица.
Тамошното население стравува дека лизгање на земјиштето им се заканува на десет станбени згради. Речиси две третини од Босна и Херцеговина се загрозени со поплавата поради поројниот дожд кој врне 48 часа.
Страшната сцена на уривање на куќата е снимена во местото Сврака. локалните жители се во шок, а на помош се испратени спасувачки тимови, пожарникари и екипи за цивилна заштита. Во приложеното видео можете да го видите драматичниот момент во кој лизгањето на земјиштето ја урнува куќата, а шокираниот жител извикува: “Ми отиде се’!”
Покрај во Сврака, има лизгање на земјиште и во уште неколку села во Сараево, пренесува Klix.ba.