Ни шетање во природа не е веќе џабе – Ќе се наплаќа влезот и во националниот парк Галичица


Националниот парк Галичица почна да наплаќа 30 денари за влез на посетителите. За автомобили и мотори цената е 50 денари, за минибуси 80 денари, а за автобус 150 денари   

galicica.zimaЗа посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем Град влезницата ќе чини 200 денари, исто колку и еднодневно кампирање (кое е дозволено единствено во локалитетот Корита). За поставување шатор се наплаќа 150 денари.

Билетот за параглајдеристите ќе чини 300 денари за 30 минути лет, додека целодневен билет ќе ги чини 1.000 денари, а собирачите на диви плодови и растенија ќе можат да извадат легитимација, која ќе чини 500 денари годишно.

Од плаќање се ослободени единствено локалните жители што живеат во близината на паркот, но затоа фирмите што вршат дејност во границите на паркот исто така ќе мора да плаќаат надоместок.

Од почетокот на месецов влезница се наплаќа и во националниот парк Пелистер, засега само за оние што во паркот доаѓаат со превоз. Влезницата е со различна цена – односно 50 денари плаќаат автомобилите и мотоциклистите, 80 денари комбињата до 20 седишта и 150 денари за автобусите.

И од двата парка надлежните информираат дека парите ќе бидат искористени за заштита на животната средина и подобрување на инфраструктурата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1