Стеван ми умираше пред очи, монструмот му го осакати лицето без повод…Бев немоќна да му помогнам…Последно што ми кажа беше: Душо ми го откина носот, вели Нена Катиловиќ, сопруга на 35-годишниот Стеван Катиловиќ кого непознат напаѓач со мачета или нож го искасапи среде улица во Батајница.
На несреќниот човек му е отсечен носот, имал рана во преpоните и искрварил пред да дојде Итната помош. Полицијата и натаму интензивно трага по убиецот, кој според сопругата Нена, која е очевидец, имал околу 50 години.
-Тргнавме кон градот зошто имавме работа, и Стево го заобиколи човекот што беше среде улица. Му свирна, отвори прозорец и му довикна: Од толкав тротоар ти одиш по улица. Напаѓачот се налути и му ја опцу мајката на Стеван, и му пријде и го повика да излезе од автомобилот. Го убедував Стево да остави и да продолжи, но тој човек веќе дојде до прозороецот и низ него го удри со рака, објaснува Нена за српски Курир.
Таа додава дека мажот ѝ се изнервирал од ударот и излегол од возилото, по што двајцата веќе биле на асфалтот. Над Стеван биле нозете на напаѓачот. Се обидував да му помогнам да стане, но тој го држеше носот и последно што ми кажа беше: Душо ми го откина носот, а потоа почна да се гуши, лелека несреќната жена.
Таа објаснува дека Стеван цело време бил на коленици и дека таа не забележела дека има повреда на препоните.
-Почнав да викам, да барам помош, моле луѓе да викнат брза помош. Тогаш ми пријде соседот и се обидо на Стево да му ја отворам устата за да може полесно да дише, но и од таму му излегуваше крв. Знаев дека умира и не можев да му помогнам. По 25 минути пристигна полиција, но не и Брзата помош. Им требаше околу половина час, а кога стигнаа само констатираа смрт, вели Нена.
Според нејзините зборови, додека таа се борела за животот на Стево, убиецот со крвави раце заминал во непознат правец.
-Има околу 50 години. Изгледаше како скитник, носеше „виетнамка“ јакна. Незнам дали имаше капа, но забележав дека има шпицеста и зарасната брада. Во рацете носеше платнена торба со темна боја. Од глава не ми излегува сликата како тој во десната рака држи крвава бела кеса, во која веројатно го скри сечилото, нож или мачета не успеав да видам, доддала таа.
-Се проверуваат снимките од безбедносните камери, за кои се претпоставува дека го снимиле убиецот, велат извори за Курир.