Мичуринска средба: Паричката кај Трајановски – градскиот татко нов кум


Во присуство на стотици граѓани вчера во централниот парк во населбата Мичурин по двaесетти пат се одржа традиционалната „Мичуринска средба“, што ја организира истоименото здружение на граѓани под покровителство на Општина Аеродром.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Традиционално како и секоја година одбележувањето на празникот Василица почна со молитва за мир и кршење василичарска погача со паричка за среќа, по што новиот кум го запали василичарскиот оган.

Годинава паричката падна кај градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го презеде кумството од минатогодишниот кум стариот мичуринец Ѓоко Гаштаров.

Во рамките на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј Велики“, меѓу народот познат како Стара нова година, се одржа богата музичка програма, а за време на манифестацијата се послужуваше топол чај, сокови, греена ракија, вино и сендвичи.

На Мичуринската средба присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и голем број истакнати лица од политичкиот и стопанскиот живот во Република Македонија.

Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува ваквите културно-забавни манифестации сè додека народот покажува интерес за тоа, како што е случајот со „Мичуринската средба“, која од маалско дружење прерасна во масовна традиција за дружба не само на Мичуринци, туку и на граѓани од други населби и општини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1