Слаткарите не смеат да прават торти со јунаците на „Дизни“


На хрватските слаткарници им е забрането да произведуваат и да продаваат торти со ликовите од популарните цртани филмови, зашто  во спротивно за нив ќе следува тужба и казна од 13.000 до 39.000 евра (100 до 300 000 куни).

Слаткарниците биле информирани за овој новитет откако добиле соопштение од адресата на адвокатска канцеларија. Поголемиот дел од нив досега правеле торти за детски родендени по нарачка, каде што тортите биле украсувани со ликови како Елза и Ана од Снежното кралство, нинџа-желки, Сунѓерот Боб, Пепа Прасе, како и филмските франшизи од Војна на ѕвездите. Но, како што ги информирале адвокатите, станува збор за кршење на автортските права.frozen-cake

Забраната во слаткарниците во Хрватска стигнала по барање на фирмата „Фан кејк фектори“ во Хрватска, која единствено има право да ги продава заштитените ликови, бидејќи тие се ексклузивни партнери на англиската „Фајнбари фуд груп“, која е носител на лиценцата на Дизни.

„Нашите торти со ликовите од Дизни ги продаваме во големите трговски синџири. Нашата фирма е ексклузивен партнер, што подразбира дека мора да се придржуваме на строгите прописи и стандарди на Дизни – велат од „Фан кејк фектори“.

„Почнавме со дистрибуција на замрзнати торти на кои се наоѓаат споменатите ликови, а тортите ги продаваме во големите трговски синџири. Нашата компанија е ексклузивен партнер на групата, што подразбира дека мора да се придржуваме на строгите прописи и стандарди кои ги пропишува Дизни. Нè условуваат сè на тортата да биде строго според одредени мерки, од буквите на текстот до бојата на ликовите “, изјавил вели директорот на оваа компанија, Томислав Љутиќ.

Слаткарниците во Хрватска се згорзени од одлуката.

– Се работи за голема загуба за нас бидејќи казните се ужасни, а тешко ќе биде да се објасни зошто не смееме да правиме такви роденденски торти. Едно е да му објасните на родителот, ама обидете се да им објасните на децата зошто не смеат да го имаат омилениот лик на тортата – коментира Ана Марчелиќ, сопственичка на една загрепска слаткарница.

Слаткарниците велат дека никој не им објаснил каде се границите. Некои сметаат дека сепак може да направат обична торта на која може да се стави фигура или фондан со лик од споменатите цртани филмови, но тоа мора да го направи купувачот. Други, пак, сметаат дека тортите се рачна изработка и подлежат на авторско дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1