ПОЛИЦАЈКА ЗА МЕДАЛ: Ја откопча кошулата и надои напуштено бебе (ВИДЕО)


Полицајка од Колумбија ја воодушеви јавноста со својот неверојатен гест- ја откопча кошулата и надои едно напуштено бебе пронајдено во селото Сант Март .policajka-spasi-bebe-640x432

Бебето го пронашла случајна минувачка завиткано во тепих. Слушнала плачење и кога го одмотала тепих го пронашла штотуку роденото женско бебе.

Веднаш била повикана полицијата. Пристигнала полицајката која веднаш забележала  дека бебето пати од хипотермија и дека има неколку ситни повреди, па веднаш без размислување ја откопчала кошулата и го надоила.

Кога стигнала итната медицинска помош бебето веќе било во подобра состојба, докторот по прегледот истакнал дека полицајката со доењето го спасила бебето од сигурна смрт.

Бебето потоа било однесено во болница, а локалните медиуми се уште пишуваат за „хероината во полициска униформа“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1