„Шарли Ебдо“ со срамна карикатура за малиот Ајлан (ФОТО)


Францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо предизвика нова контроверза, објавувајќи карикатура од сириското момче бегалец, чија смрт го потресе светот, прикажувајќи го како возрасен човек кој напаѓа жени на улица.

udaveno dete sirija

Лондонски „Индипендент“ пишува дека всушност се работи за исмејување на ставот дека сите мигранти на некој начин се вмешани во напад, како оние на жени во Германија за новогодишната ноќ.

На цртежот се гледа слика на детето Ајлан, кој за време на неговата смрт, предизвика меѓународни напори да се реши бегалската криза, а до неа цртеж како го прикажува како возрасен, дехуманизиран и брка жени.sarli-ebdo

Под сликата пишува:„Што би бил Ајлан? Некој кој фаќа жени за задникот во Германија“.

Поддршката на бегалците во Германија нагло опадна после инцидентот кога група мажи, воглавном мигранти, нападнаа повеќе од 70 жени во Келн.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1