Мицкоски бара прогласување кризна состојба на цела територија


ВМРО-ДПМНЕ и предлага на Владата веднаш да прогласи кризна состојба на цела територија на државата соодветно на што ќе ги активира сите законски механизми за нејзино разрешување, соопшти денеска на прес-конференција партискиот лидер Христиојан Мицкоски.

Покрај ова, партијата предлага и конкретни мерки за справување со економските последици, но и за заштита на здравјето на граѓаните:

„Итна национална набавка на антисептични средства и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните, државата односно Владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните, формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други превентивни помагала“, рече Мицкоски и додаде дека за последното имале докази за една веледрогерија блиска, како што рече, до власта, за која доколку институциите не реагираат доказите за нереално високите цени и наплаќање на излезни фактури за маски 40 пати повисоки од влезните ќе ги објавел во јавност.

Како четврта мерка, неговата партија предлага обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од коронавирус.

„Освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица“, појасни Мицкоски.

Како петта мерка, партијата предлага редуцирање на работата на државната администрација, односно половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. Следната предлог мерка е удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од вирусот; овозможување на отворена 24-часовна линија за консултации и прашања поврзани со вирусот; формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки, еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.

Покрај ова Мицкоски за овој месец предложи и сет антикризни мерки за бизнисот и санирање на последиците и штетите од смалениот промет и намалената работка на стопанството.

„Замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот. Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот. Државата односно Владата да преземе обврска месецов да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите. Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50 проценти“, рече Мицкоски

Тоа, според него, се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, угостителството, текстилната индустрија, кожарската индустрија….

Како последна мерка, тој предлага да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со коронавирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.

„Ова е подадена рака за помош. ВМРО-ДПМНЕ ја нуди целокупната поддршка и експертска помош преку тимот на доктори кои се дел од нашата комисија за здравство и знаење од областа на економијата за справување на последиците од корона вирусот“, кажа партискиот лидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1