Дали куферите со пари од милионскиот криминал со Мегународниот сојуз завршувале на Бихачка за финансирање на кампањата за изборите, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се обрати на свечен настан по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
,, 8 Септември е и на комитите, и на партизаните, на мудрите луѓе на ВМРО, но и на СДСМ, оние кои веруваат во Македонија и се колнат во ова парче земја. 8 Септември е на Македонија. Тоа не треба никој да го заборави, без разлика од која политичка партија доаѓа. Сите вие и должите се што сте постигнале во вашите животи на ова парче земја што се вика Република Македонија.” , рече Мицкоски во обраќањето.