Најпрво дозволете од името на ВМРО-ДПМНЕ да изразам огромна благодарност до сите граѓани кои со учеството на локалните избори го остварија своето демократко право, а со нивниот глас ја изразија својата волја. Воедно целосно го цениме и правото на граѓаните кои не излегоа да гласаат. Ние ќе продолжиме да настапуваме во интерес на сите граѓани на државата.
Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за волјата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина, изјави вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Власта на Зоран Заев во полно светло го покажа своето недемократско лице. Видовме како изгледа власт која паѓа, власт која ги злоупотребува сите државни полуги само за да ги задржи привилегиите кои таа ги овозможува. Ваква брутална, несмасна и масовна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели досега е незапамтена. Од една страна власта која е во паника, од друга страна народот и неговата слободна волја, изјави Мицкоски.
Изборниот процес помина со низа нерегуларности, нарушување на изборниот процес и истите беа доказ за начинот на кој СДСМ е спремна да ја зачува власта по секоја цена, иако не е тоа волјата на народот. Во вчерашниот ден, во изборниот молк беше евидентирано ширење на пропаганда од партиски функционери на СДСМ, поткуп на гласачи и други прекршувања на Изборниот законик кои инаку се строго забранети. Имаме информации за поткуп и притисоци во Кочани, Радовиш, Ново Село, М.Каменица, Ѓорче Петров и во други делови од Скопје. Дополнително, беше објавено дека во текот на вчерашниот ден новинарска екипа беше нападната, а денес, во текот на изборниот ден новинарска екипа беше спречена да присуствува и информира на избирачко место. Штотуку пристигнаа информации и за физички напад во село Бојане врз набљудувач од невладина организација, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Македонија е пре важна за мали соништа. Стравот никогаш не ја гради иднината, но надежта да! Македонијо од вечерва започнуваш да го живееш нашиот голем сон за нова иднина и надеж за секој еден човек. Многумина се сомневаа дека успехот е можен, но надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените започнаа од вечерва. Надежта ја победи апатијата, и нејзината сила ќе расте. Сите заедно за новата иднина. Заеднички и сложно, да го оствариме сонот за кој цели 30 години сонуваме, а никако да го постигнеме. Кажете им на нашите браќа и сестри од сите краеви на Македонија, од Тетово до Битола и Охрид, и Кочани, од Скопје до Гевгелија ова е денот од кога почнуваат промените. Промени кон подобро. Промени на имиџот на државата, промени за заштита на интересите на секој еден човек. Промени за обединување за подобар живот и силен стандард. Промени кои ќе ја донесат иднината за која се бориме, изјави Мицкоски.
Ова е убедлива победа. Победа на народот. Им благодарам на сите граѓани на Македонија кои излегоа да гласат, но и оние кои не гласаа, а чија доверба ќе продолжиме да ја бараме. Благодарност до сите граѓани од сите партии, и етнички, и верски заедници, леви и десни. Една еза сите нашата Македонија, сплотена и заедничка. Благодарност до сите политички партии од Коалицијата за Обнова на Македонија. Заедно поминавме низ силни бури и премрежја. Успехот е можен, затоа што вербата е силна. Благодарност до Алтернатива на албанците и Алијанса, до Димитар Апасиев и Левица. Затоа што сите заедно срушивме бариери, докажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен. И поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање, изјави Мицкоски.
Покажавме дека и покрај разликите сепак можеме да се обединиме околу заедничка цел. Македонија без корупција која ќе се развива и оди напред. Македонија во која ќе се бориме да биде интегрирана во ЕУ. На стабилен систем каков што немаме. Тоа докажува дека еден опозициски блок е речиси сосема извесно дека ќе однесе огромна победа на следните парламентарни избори кои е многу веројатно дека ќе се предвремени. Благодарност и до ЛДП и ДОМ што одлучија на најдемократски начин да остават на гласачите поточно граѓаните да одлучат по сопствена волја. Ние тоа високо го вреднуваме и почитуваме, изјави Мицкоски.
Ова победа е голема и бидејќи доаѓа во услови кога изборниот процес изобилуваше со огромни нерегуларности. Денес во државата знамињата беа високо на јарболите и требаше да биде свечен ден за демократијата, но ова беше уште еден тажен ден за тоа колку недемократска власт имаме. За притисоците, за бруталната и досега невидена злоупотреба на државните институции. Тие ги имаа институциите кои ги злоупотребуваа, ние го имавме народот кој не поддржа. И не можам да ви опишам колку оваа победа преставува одговорност за мене и мојот тим, изјави Мицкоски.
Сакам да се обратам до идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Немојте ни за секунда да го разочарате народот. Заборавете на привилегии кои ги носи функцијата, засукајте ракавите и од утре на работа. Вашите фотелји заменете ги со терен и работа со граѓаните и на носење на решенија за нивните проблеми. Заборавете на матни тендери, договори во 4 очи што се одлика на власта во заминување, и никогаш не заборавајте од каде доаѓаме и од каде сите ние почнавме. Јас ќе ви бидам најверната сенка во рабоата и ваш пријател, но и најостриот критичар доколку неуспевате. Овој народ мора да види разлика и резултати. А народот мора да знае дека зад секој мој збор кажан во кампањата седам до крај. И секако сигурно ве интересира, што понатаму.
Борбата продолжува и нема запирање, Власта го загуби кредибилитетот. Нашата победа е пораз на сите политики на власта.
Имаме многу работа пред нас и резултати да испорачаме, не смееме да изневериме, ова е огромна доверба и ние знаеме и ќе знаеме да ја почитуваме, но и да се плашиме од нејзе. Во однос на ново мнозинство оставете времето да ви одговори на многу работи, изјави Мицкоски.
Власта е делегитимирана и тоа е од вечерва е новата реалност која очекувам со тек на времето да се манифестира и во парламентот. Но најдобро би било тоа да биде преку предвремени избори. За да може промените на подобро да го земат целиот замав и да бидат еден целосен процес кој ќе се случи на сите нивоа. Времето ќе покаже….
И сакам да се обратам лично до Зоран Заев, размисли добро што ќе ти бидат следните чекори. Надмини се себе си и направи го тоа што е најдоброто за државата. Конечно вистински сфати ја пораката-ДОСТА Е. ОДИ СИНема повеќе место за криминал, измами и порази во политиката, изјави Мицкоски.
Порака и до оние триесетина луѓе во СДСМ кој ја имаат окупирано државата. Народот ви прати порака. Не заглибувајте уште повеќе во калта во која ја однесовте државата. Не треба само Заев да си оди, туку и Заевизмот и се она што тој го преставува.
Драги пријатели, Сосема на крај. Народе, нема да ве разочарам. Нема да ве разочарам затоа што сета ваша болка е и моја болка. Сите ваши разочарувања се и мои разочарувања. Но и мојата надеж станува заедничка надеж. Одиме до конечна победа и нова иднина. Мора да свртиме нова страна, заеднички патриотизам и нови побед, изјави Мицкоски.