Мицкоски од Крушево : Доста е од овој срам по принципот „мало сутра“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма” вечерва се обрати во Крушево, се наведува во партиското соопштение.

Зборувам секаде ајде доста лутавме лево и десно, горе доле, ајде да не го бараме нашиот идентитет ниту во антиквизацијата, ниту во севернизацијата. Нашиот идентитет е оној само наш македонскиот, ајде да си го вратиме македонизмот во Македонија. Тоа е програмата и тоа ќе биде доктрината на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после победата на предвремените парламентарни избори.

Ние сме горди Mакедонци коишто говорат македонски јазик во родната Македонија и никој тоа не може да ни го избрише, ниту еден договор.

Доста е од овој срам по принципот „мало сутра“ доста е од овој срам по принципот на тепсијата којашто останала изедена, доста се овие простатилоци, декаденции. Нас ни треба иднина, визија, нас ни треба план, а планот доаѓа со обновата за Македонија, затоа е многу важно секаде на плоштадите, на улиците, домовите, на работните места секаде без исклучок да ја најавиме победата на „Обновата на Македонија“. Тоа е победата на народот, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независна Македонија, на најголемата коалиција во историјата на независна Македонија, а тоа е коалицијата на народот со ВМРО-ДПМНЕ и „Обновата на Македонија“.

Знаат дека се виновни, знаат дека грешеле, знаат дека од правдата нема бегање после 12 Април затоа сакаат сега на шверцерски начин да протнат тендери, да земат аванта по принципот „кради-бегај“ затоа сакаат да го направат историскиот буџет од 4 милјарди евра пари на граѓаните, затоа што ќе се обидат тоа е нивниот код, тоа е нивниот ген мислат дека со пари се се купува. Не веруваат во честитост и чесност, не веруваат во родољубие, не веруваат во патриотизам они мислат дека клиентелата и материјалното на народот во Македонија е пред и над се. Мислат дека со минимално зголемување на пензиите коишто претходно максимално ги намалија, мислат дека со скромни 5% зголемени плати за администрацијата, народот во Македонија ќе заборави на сите предавства, на сите понижувања, арамилоци, криминалии и корупција, мислат дека овие неколку недели ќе го корумпираат народот.

Честит човек којшто знае дека работел честито и чесно нема од што да се плаши после 12 Април, после поразот се подава рака и се честита на политичкиот противник, но тие не се ни од далеку честити. Знаат што правеа овие три години и исплашени се затоа играат „all-in“ со вас, со вашите пари, со народните пери, не со нивните пари. Нивните пари се некаде на сигурно место надвор од Македониија. Во овој буџет играат „all-in“ вашите пари затоа што се исплашени и знаат дека после 12 Април следи одговорност за криминалот, за пљачката и пустошот кои што ќе го остават позади себе, е затоа играа „all-in“.

Губеа до сега, ќе изгубат и на 12 Април, лето господово 2020 година, тоа им го ветувам.

За бадијала полнат автобуси, за бадијала уценуваат локална и државна администрација, за бадијала мислат дека овие измачени луѓе се таму за да ги поддржат, тие се таму сосила однесени.

Гласот на 12 Април ќе го дадат „За Обновата на Македонија„ за ВМРО-ДПМНЕ и за најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот и тие што сосила се таму собрани.

Браќа и сестри, драги Крушевчани сакам да ви ја изразам мојата неизмерна почит што останавте стоечки да ме сослушате, што ме почекавте и покрај овие сурови временски услови. Уште еднаш мотивот, желбата, љубовта кон Македонија, кон ВМРО-ДПМНЕ вечерва не обедини. Сакам вака обединето, сложно овие неколку месеци заедно да ги поминеме низ улиците овде во Крушево, да ја издвоиме историски најголемата победа, а потоа да ги засукаме ракавите, затоа што одново не чека многу работа под, крв и солзи за нашата Македонија.

Да сте ми живи и здрави!Да ни е жива и здрава Македонија!Да ни е живо и здраво Крушево!, рече Мицкоски во Крушево.

На новинарско прашање Мицкоски одговори на критиките на портпаролот на СДСМ , Костадин Костадинов , кој го прозва за интервјуто во ,,Вечерњи лист ” , дека за сите е историска грешка ветото на Макрон , а само за Мицкоски , тој бил во право што не блокирал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1