Штотуку заврши првиот дел од лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, пишува Република.мк
Во првиот дел од средбата со партиските лидери се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи.
Како што брифираат извори од партијата за Република, претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на бугарската влада, во која се вели, меѓу другото, „не смее да се споменуваат македонскиот јазик и бугарскиот фашистички окупатор“.
Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.
Во вториот дел ќе се договара датумот за избори. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни – изборите се логичен след по поразите на оваа влада, тие да бидат организирани во согласност со уставните и законските норми, нема време за губење, особено што следува период на реформи кои мора да обезбедат напредок.