Пендаровски: Има општ државен консензус дека немаме никаква алтернатива на ЕУ, како идна полноправна членка


Првиот дел од лидерската средба заврши во Вилата водно кај шефот на државата, Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски на прес конференција по првата половина од лидерската средба истакна дека на средбата има две теми, првата се заклучоците од лидерите на ЕУ, а втората предвремените парламентарни избори.

„Побарав да го реафирмираме нашиот став дека продолжуваме на нашиот пат кон ЕУ“, рече Пендаровски.

Тој рече дека ова е трет пат нашата држава да се наоѓа во ваква ситуација во меѓународните односи. Прв пат во 1991 година кога Европската Унија не сакаше воопшто да не признае како држава доколку се содржи името Македонија, вториот пат во 2008 на самитот на НАТО во Букурешт и сега е третиот пат.

Тој истакна дека сите лидери се согласиле дека ова е единствениот пат за Република Северна Македонија, односно евроатланските аспирации.

„Имаме јасен државен консензус дека сите релевантни политички лидери стојат зад тоа што побрзо да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ и да станеме членка на унијата“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека сите лидери се согласиле со новата методологија која се најавува од ЕУ за можност за враќање на процесот на преговори, доколку кај некое од затворените поглавја има назадување.

Кај сите лидери има согласност дека сме против било какви алтернативи на членството, рече Пендаровски.

Втора точка е можноста за предвремени парламентарни избори за која допрва ќе се разговара. Пендаровски рече дека не видел дека некој од лидерите е против идејата за одржување парламентарни избори.

Сепак, тој кажа дека ги предупредил на тоа дека откако сите членки на НАТО ќе го ратификуваат пристапниот протокол, тоа ќе треба да го направи и македонскиот парламент.

„Не би сакал поради технички причини да се одложува членството во НАТО“, рече Пендаровски алудирајќи на тоа дека доколку парламентот биде распуштен поради избори нема да може да се ратификува членството.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1