Мицкоски: Вакцините наместо во јануари стигнаа во мај, 5.329 луѓе ги загубија животите чекајќи


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека масовната вакцинација наместо во декември започнала во мај и дека поради тоа Македонија е меѓу првите шест држави во светот според бројот на починати лица.

„Лагата нема граница, а кога доаѓа од политичари лакеи на Зоран Заев можеби сме песимисти, можат тие и полошо. Најавуваа масовна вакцинација во декември 2020 и додека трчаа по провизии започнавме во мај 2021, убедливо последни во Европа. Според бројот на починатите сме помеѓу првите шест држави во светот. Денес прочитав на медиумите најава дека пристигнале околи 10.500 дози Фајзер вакцини. Тоа што требаше да стигне во јануари или февруари стигна во мај, тоа што треба да е нормално за нив е спектакал. Е, па да ви кажам нешто, 5329 македонски граѓани немаа можност да ги пречекаат во мај вакцините поради вашата неспособност и желба за провизии, починаа од корона… Порано или подоцна ќе има одговорност, јас ви ветувам…“, напиша Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1