За три години власт ништо добро не направија, Македонија никогаш немала полоша Влада во својата историја, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на собирот посветен на Денот на револуционерната борба.
Македонија се буди и бара промени, граѓаните го креваат гласот против оваа однародена власт на СДСМ и Зоран Заев..Тие стануваат минатото и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија,порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски од Прилеп на празникот 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба. Од градот каде што е одржан првиот Конгрес на оваа возобновена партија ..
Убеден дека тој ќе биде идниот мандатор на новата Влада по 12 април идната година ,Мицкоски од Прилеп им порача на СДСМ и нивните коалициски партнери..
Пред денешната академија по повод празникот во Центарот за култура ,,Марко Цепенков”,Мицкоски со своите соработници,оствари и средба со граѓаните на Прилеп.