Мицотакис бара од ЕУ воведување на ковид-пасоши


Грчкиот премиер побара од ЕУ да воведе ковид-пасоши. Киријакос Мицотакис нагласува дека одлуката треба да се донесе што е можно поскоро со цел да се олесни слободното движење на луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19.

Очигледно, овој потег ги решава и дилемите за тоа како да се влезе во Грција ова лето, поточно, дека Атина нема да остави ништо на случајноста и дека, пред се за заштита на сопственото население, ќе воведе строги контролни мерки на граничните премини.

Премиерот Мицотакис во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен подвлече дека „потребно е да се заземе заеднички став што е можно побрзо и да се договориме како ќе изгледа сертификатот за вакцинација за да можат сите земји да го прифатат“, пишува „Политико“.

Мицотакис смета дека приоритет на ЕУ е што е можно поскоро да се обезбеди слобода на движење, иако Грција, како што нагласи, „нема намера вакцинацијата да ја направи задолжителна или задолжителен услов за патување, но дека на оние што биле вакцинирани треба да им се обезбеди можност да патуваат“.

Премиерот Мицотакис очекува дека дискусијата за ковид-пасоши ќе биде една од главните теми на следниот самит на ЕУ, што ќе се одржи на 21 јануари. Со своето писмо, како што рече, сака да даде позитивен импулс за решавање на ова прашање, за што е неопходен заеднички став на сите европски земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1