Мигранти палат возила и фрлаат камења кон полицијата – Насилства во Стокхолм (Видео)


Насилни протести се одржани втора ноќ по ред во предградие на Стокхолм во кое живее бројна имигрантска популација.

Демонстрантите запалиле возила и гаѓале со камења врз полицијата и припадниците на службите за вонредни состојби.stokholm neredi

Во ноќта меѓу четвртокот и петокот полицијата патролираше во предградието каде живее поголем дел од сириска и ерменска дијаспора, како и ирачки бегалци од неодамна, кога едно каменче го погоди задното стакло на автомобилот.

Кога полицијата тргна во потрага по извршителите, демонстрантите запалија гуми на мостот и со бензин полеаја неколку автомобили, кои потоа и ги запалија.

Во петокот вечерта, полицајците повторно се судрија со локалците од ова стокхолмско предградие.

Во Шведска минатата година пристигнаа речиси 170.000 мигранти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1