Мигранти кои пристигнуваат во Европа се носители на болести од кои може да бидат погодени локални жители, изјави поранешниот премиер на Полска Јарослав Качински.
Таа изјава предизвика остри реакции од политичарот Јануш Паликот, левичар, кој го обвини Качински за користење расистички јазик.
На предизборен собир во Маков Мазовецки, Качински чија партија се очекува да победи на парламентарните избори на 25 октомври, рече: – Веќе има знаци за многу опасни болести какви што немало во Европа многу одамна – колера на грчките острови, дезинтерија во Виена, различни видови паразити кои не се опасни за мигрантите, но кои може да бидат опасни тука.