Со сослушување на сведок вработен во УБК, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.
Судот на почетокот дозволи на сведокот Сашо Трајковски да му бидат предочени докази од СЈО и тоа извештаи за состојбата на системите за набљудување Најс и Веринг.
Мијалков вкрстено го испрашуваше и реагираше дека сведокот не одговара конкретно на неговите прашања, дека одговорите не му се усогласуваат со оние претходно дадени на записник и сл.
Судиите Владимир и Туфегџиќ и Џанета Бегтовиќ се вмешуваа во расправата, па Мијалков, изнервирано искоментира: „Кажете да не се браниме. Донесете пресуда и готово!“, пренесе Фокус.
Судијата Туфегџиќ пак му рече дека нема потреба од тензија.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Press24.mk