Мијалков: „Трезор“ е уште една политичка конструкција на СЈО


СЈО е продолжена рака на СДСМ. Екс директорот на УБК Сашо Мијалков на прашање на Press24 одговара дека последната истрага за случајот “Трезор” е само потврда за се она што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваа во изминатиот период.saso mijalkov 2

– Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев ги гледа како конкуренција на која што не може да и парира. ” вели Мијалков за Press24. Мијалков вели дека сите наводи на СЈО се целосно измислени “Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка – вели Мијалков за Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1