Мики Јевремовиќ во кома


Легендарниот пејач Мики Јевремовиќ на 27 декември доживеа мозочен удар, а веќе неколку дена бил во кома, објави српски „Курир“.miki jevremovic
Помалиот брат на 75-годишниот пејач, Зоран Јевремовиќ, потврдил дека неговата здравствена состојба е многу сериозна и додал дека лекарите го одржуваат во живот со помош на апарати и дека се е во божји раце.

– Мики во вторникот беше на реанимација. Разговарав со лекарите и рекоа дека, за жал, ситуацијата е исклучително сериозна. Доживеал силен мозочен удар, сега состојбата му е комплицирана, има висок крвен притисок, а веќе неколку дена и висока температура – открил Зоран, кој бил со пејачот во моментов кога му се слошило.

Откако му се слошило, Мики Јевремовиќ, бил пренесен во полусвесна состојба на Ургентен центар, каде му била укажана помош, после што бил префрлен на оделението за интензивна нега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1