Мики Маус се враќа – најавени нови цртани од јуни (Видео)


Цртаните филмови за Мики Маус се враќаат на малите екрани откако компанијата  Дизни одлучи повторно да оживее еден од најпопуларните цртани ликови.

miki500На каналот Дизни, како и на интернет сајтот на таа компанија, на 28 јуни ќе почне да се прикажуваат 19 нови епизоди од тој цртан филм. На сајтот disney.com е поставен краток цртан филм каде Мики и Мини работат во париско кафуле, а им недостасуваат кроасани. Ликовите во цртаниот филм зборуваат на француски.

Извршниот директор на компанијата Волт Дизни, Боб Игер изјави денеска за телевизија Си-Ен-Би-Си (СНБС) дека во новите епизоди Мики им се враќа некои невини и палави квалитети, кои можеби со текот на времето ги изгубил.

Мики Маус е „роден“ 1928 година, а патувал во Њујок, Санта Моника, Пекинг, Токио, Венеција и на Алпите. Во новите епизоди, друштво ќе му прават Мини, Пајо паторот и Пата, Шиљо и Плутон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1