Новиот премиер на Бугарија ја поддржува европерспективата на Македонија


Европската перспектива на Македонија нема алтернатива и Бугарија ја поддржува, изјави новиот бугарски премиер Марин Рајков, кој во привремената Влада ја извршува и функцијата и министер за надворешни работи.

marin rajkovПо денешната средба со доскорашниот шеф на бугарската дипломатија Николај Младенов, Рајков рече дека бугарската поддршка за европерспективата на Македонија, сепак, не е доволна и оти би било добро и Скопје повеќе да е посвено на таа цел.

Најави дека ќе продолжат преговорите за договорот за добрососедство, нагласувајќи оти е важно тоа што е договорено, парафирано и потпишано навистина да се почитува.

– Треба да создадеме добра атмосфера, тоа што не обединувало во минатото да не не разединува во сегашноста. Сакаме да имаме заедничка европска иднина. Она што го сакаме за својот народ го сакаме и за народот на Македонија, истакна Рајков.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1