„Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа во 2012


Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.

AERODROM ALEKSANDAR VELIKIГлавниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.

Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1