Колегите и пријателите се простуваат од пејачката Дона Арес која почина денеска по долгата и тешка болест.
Пејачката која во 2005 година го испеа најголемиот хит на годината „То ми није требало“, почина денеска на 40-годишна возраст.
Дона со години наназад ја водеше најтешката борба. Ракот се врати на почетокот на оваа година и тоа по трет пат, а денеска за жал ја изгуби битката.
Колегите и пријателите ја искажаа својата тага на социјалните мрежи.
Пејачката која своевремено ја бодреше, Јелена Карлешуа остави порака на Твитер „да сега повеќе ништо не боли“.